Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ негира дека Мијалков и Груевски го терале Иснифарис да биде заштитен сведок

ВМРО-ДПМНЕ негира дека Мијалков и Груевски го терале Иснифарис да биде заштитен сведок

Ниту Груевски и Мијалков не го терале Иснифарис Џемаили да сведочи, ниту некој му направил било каков притисок. 

Сето ова е дел од операцијата на СДС на перење на криминалните афери кои го означија нивното работење со цел нивно прогласување за жртви, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Џемаили кои вечерва ги даде за телевизија Телма.

„Ќе дојде време СДС да не убедува и дека во нивно време немаше атентат врз претседателот Глигоров или пак дека Заев не беше аболиран за криминал во Глобал. Прв беше Владо Димов, човекот кој е познат по купувањето на скапи бисери со државни пари, а сега е перењето на криминалите на Џемаили кој ќе потсетиме дека ќари 727 илјади евра за фиктивно оштетено бачило со што стана и официјално најбогатиот овчар во времето на СДС“- се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Овчарот рече дека лежел во затвор поради тоа што не сакал да биде заштитен сведок и како што вели самиот „да земе на душа 22 души“.

Слично

Поврзани вести