Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Неадекватниот однос на СДС со пожарите ја однесе првата човечка жртва во Љуботен

ВМРО-ДПМНЕ: Неадекватниот однос на СДС со пожарите ја однесе првата човечка жртва во Љуботен

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека неадекватниот однос на СДС со пожарите вчера ја однесе првата човечка жртва во скопското село Љуботен, каде е пронајдено изгорено човечко тело. 

Велат дека изгубен е живот кој со навремена реакција на институциите би бил спасен. Потребна беше човечка жртва за владата на Заев да свика координативна седница за пожарите, додаваат од партијата. 

„СДС треба да почне да работи на решавање на проблемите на граѓаните, наместо на доцни вечерни седници да донесува закони кои на шверцерски начин сака да ги спроведе далеку од очите на јавноста. СДС мора да сноси одговорност за пожарите кои со ненавремено локализирање прераснаа во хаос, а цела Македонија е претворена во едно огромно жариште, што претставува опасност по граѓаните нивниот живот и здравје, но и животната средина“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Наведуваат дека во селото Могилец 5 фамилии останаат без кров над главата, причинета е огромна материјална штета низ повеќе села во Поречието, изгорени се огромни површини шума во најшумовитиот крај на државата. 

Слично

Поврзани вести