ВМРО ДПМНЕ: Не треба да се чека ни ден повеќе за нови избори
Партијата на Никола Груевски не се откажува од новите избори како решение за кризата.
Од ВМРО ДПМНЕ бараат час поскоро да се организираат избори и да не се груби драгоцено време.
„Формирањето влада СДСМ и Заев го гледаат како спас од одговорност за криминалот што го направиле. Тие мислат дека на тој начин, со тргување со највисоките државни и национални интереси, би се спасиле од долгогодишните казни затвор што им се закануваат“, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Во спротивно предупредуваат дека револтот кај граѓаните ќе продолжи да расте.
Слично
