Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ не се откажува од понудата-му даваат подршка на Заев само да ја отфрли платформата

ВМРО ДПМНЕ не се откажува од понудата-му даваат подршка на Заев само да ја отфрли платформата

Од партијата на екс премиерот и денеска со понуда до ривалот Заев.

Му порачуваат  јавно и јасно да се откаже од Тиранската Платформа и елементите во неа кои ќе ја редефинираат Република Македонија, која од мултиетничка би ја претвориле во бинационална држава.

„Оправдан е стравот кај граѓаните после конфузните и контрадикторни ставови кои ги изнесе Зоран Заев, во кое не ја отфрли Тиранската Платформа, туку напротив, најави дебатирање по нејзините точки“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија ја повторија својата понуда, односно СДСМ и Зоран Заев јавно се откажат од Тиранската Платформа, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа и ќе поддржи Влада која што би ја формирал Зоран Заев.

Слично

Поврзани вести