Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ не сака потпретседател на Талат Џафери

ВМРО-ДПМНЕ не сака потпретседател на Талат Џафери

Опозицијата во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да поднесе свој предлог кандидат за потпретседател на Талат Џафери бидејќи не ја одобрува идејата за вкупно 5 потпретседатели иако токму еден им следува според деловникот како опозициска партија.

Илија Димовски, еден од координаторите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието посочи дека пратениците не работат како што треба.

„Кажавме дека сме против тоа да има пет потпретседатели на Собранието. Нема да го поддржиме овој предлог и нема да го пополниме местото со наш предлог. Ние одамна укажуваме дека Собранието не функционира како што треба. Вчерашниот настан, кога не беа изгласани препораките за подобрување на човековите права, е потврда за тоа. Имаше пратеници, да, но смешно е што не дадоа поддршка“ изјави Димовски.  

ТОј потврди и дека кога ќе дојде на дневен ред законот за јазиците, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат против законот поднесен во ваква форма.  

Слично

Поврзани вести