ВМРО-ДПМНЕ не му го дава мандатот на Заев
Откако опозицискиот лидер Зоран Заев побара шанса од претседателот Иванов на кој му го побара мандатот со реакција се јавија од кабинетот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму преку соопштение до јавноста се обратија и велат дека нема да дозволат Македонија нема да биде водена од аболициран криминалец, ниту ќе добие просоросова Влада.
„Граѓаните на 11-ти декември ја дадоа својата поддршка за излез од кризата и гласаа за проекти, реформи и развој. Граѓаните на 11-ти декември ставија крај на деструкцијата и велепредавствата кои ги промовираше СДСМ како нивна политика.
Зоран Заев ќе остане запаметен во историјата како политичар кој ги газел и игнорирал Уставот и законите на Република Македонија. Единствено што знае еден аболициран криминалец е да лаже и манипулира, а не да ги толкува Уставот и законите.
Политичката кариера на аболицираниот Зоран Заев заврши на 11-ти декември. Најгласната порака што ја испратија граѓаните е дека тој мора да одговара и за барањето поткуп, и за велепредавство и за сите криминални тендери за кои се врзува неговото име“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Откако вчера на полноќ истече рокот мандатарот не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство, Никола Груевски не излезе пред очите на јавноста туку се вади преку соопштенија.
