Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ не гледа искреност на СДСМ во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ не гледа искреност на СДСМ во Собранието

Откако СДСМ побара поддршка за новите три закони поднесени во Собрание, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека не гледаат сериозност во работата на мнозинството ниту заштита на интересите на граѓаните, туку само на партиските.

Според ВМРО-ДПМНЕ смешно е кога СДСМ се обидува да ја објасни итноста и брзањето за поднесените закони кога имале доволно време да ги поднесат и преку дебата по редовна постапка досега ќе беа донесени.

„Наместо приоритетите на граѓаните, на СДСМ поважно им беше вдомувањето на партиските војници во институциите, поставувњето на некомпетентни личности на функции, смената на Јавниот обвинител за спасување на кожата на Зоран Заев и блокирање и спречување на сите проекти кои беа за граѓаните. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ откако се опозиција во Собранието имаат поднесено низа законски решенија кои што произлегуват од реалните потреби на граѓаните, но, секако СДСМ и тогаш и сега не најде сила и храброст да покаже конструктивност и да дозволи разгледување на овие закони“, се вели во реакцијата.

„СДСМ кажува дека мисли и работи за граѓаните, а во Собранието не сака да се зборува за законот за покачување на платите на докторите, не сака да зборува за законот за зголемување на платите во јавниот сектор за 5 отсто, не сака да зборува за законот за намулување на трошоците за извршување, не сака да зборува за бенефициран стаж за рударите, на сака да зборува за продолжување на породилното отсуство, не сака да зборува за многу други теми кои што периодов ги отворија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ветивме дека и во опозиција ќе се бориме и ќе ги претставуваме граѓаните“, е ставот на партијата.


Слично

Поврзани вести