Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ: Наместо зад државата, првите луѓе на Заев застанаа во одбрана на Хоџа

ВМРО ДПМНЕ: Наместо зад државата, првите луѓе на Заев застанаа во одбрана на Хоџа

Не спласнуваат реакциите во опозицијата и покрај тврдењата дека советникот кој крена прашина во последните денови и неговото поставување во владата на премиерот Заев.

Денеска портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски го обвини премиерот дека молчи за  именувањето на Хоџа на висока функција во Владата.

Стоилковски вели дека „Хоџа можеби си ја сака Македонија, но федерализирана а дека Заев го знаел ова и пред да го направи политичкиот договор со него и да го именува за свој советник“.

„Заев за свој советник за безбедност именуваше човек од американската  црна листа токму заради радикализам и екстремизам, кој што единствена опција гледа во федерализација на Македонија“, кажа Стоилковски.

Тој ја запраша власта кој ги мести коцките и кому му оди во прилог разнебитување на Македонија од внатре?

Меѓуостанатото на прес конференцијата од ВМРО ДПМНЕ велат дека наместо  во одбрана на државата и нејзината унитарност министрите за одбрана и за внатрешни работи на Република Македонија застанале во одбрана на владиното ангажирање на вооружен екстремист.

Слично

Поврзани вести