Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите поддржувачи на СДСМ се разочаруваат од Зоран Заев и неговите министри

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите поддржувачи на СДСМ се разочаруваат од Зоран Заев и неговите министри

Од ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе присуствуваат на парламентарната седница во петок за реконструкција на Владата. 

„Се работи за јалова реконструкција, се работи за една Влада којашто нема идеја и нема резултати. Се работи за Влада којашто нема исполнето ниту едно од своите клучни ветувања. Во Македонија година дена наназад една шајка не е закована, една бандера не е направена, а беа ветени брда и долини. Дури и најголемите поддржувачи на СДСМ се разочаруваат од Зоран Заев и неговите министри“ – рече Влатко Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека на власт е неспособна гарнитура што не ги исполнува ветувањата и не знае да испорача резултати.

Слично

Поврзани вести