Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ најде нов доктор за градоначалник на Охрид

ВМРО-ДПМНЕ најде нов доктор за градоначалник на Охрид

ВМРО-ДПМНЕ обожува да кандидира доктори за градоначалници на Охрид. Со Никола Бакрачески дури успеаја и да победат на претходните локални избори во Охрид. 

Сепак, Бакрачески не беше најсреќен што мора да ја замени медицината со политиката па по само еден мандат и многу општински проблеми реши да се повлече и да му отстапи место на својот колега доктор, а во иднина и колега политичар Митко Тилески. 

Во партискиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид во изминатиот период имаше големи превирања и промена на раководството. 

Доктор Митко Тилески е актуелен директор на болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Тој на локалните избори ќе се соочи со професорот Јован Стојаноски од СДСМ.


Слично

Поврзани вести