Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ најавува повторно отворена прослава на Илинден, за СДСМ организацијата на празникот била успешна

ВМРО-ДПМНЕ најавува повторно отворена прослава на Илинден, за СДСМ организацијата на празникот била успешна

ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното прославување на Денот на Републиката, денеска излезе со реакција дека владеачката СДСМ овозможила партиско одбележување на настанот на Мечкин Камен со само неколку стотини присутни кои дошле со полупразни автобуси.

„СДСМ ја партизираше прославата на Илинден на Мечкин Камен, не дозволи народ да присуствува, туку само нивни партиски активисти. Власта го ограничи пристапот до Мечкин Камен на народот кој беше отиден во Крушево да оддаде почит на великаните кои ги се вградиле со своите животи за Македонија.

СДСМ покажа примитивизам од невидени размери и не дозволи илјадници наши сограѓани да присуствуваат на Мечкин Камен, како што тоа го правеле децении наназад. СДСМ од државната прослава по повод Илинден направи партиска забава, со неколку стотина членови на партијата донесени со голем број автобуси кои полупразни тргнаа од градовите ширум државата“, гласи денешната реакција на најголемата опозициска партија.

Од таму велат дека кога ќе дојдат на власт, организацијата на настанот, како пшто тврдат, ќе биде повторно од отворен тип.

„По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, Илинден и манифестацијата на Мечкин Камен ќе бидат отворени за сите граѓани, а празникот повторно ќе ги обединува граѓаните без разлика на партија, народност или религија. Поделбите ќе завршат со заминувањето на СДСМ од власт“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак денеска излегоа со резиме дека настанот бил успешно организиран.

„Масовно, гордо и достоинствено, беше одбележан големиот национален празник 2ри Август – Денот на Републиката. Ги воспеваме идеалите на илинденците, револуционерите, асномците, стоиме зад значењето на заедничката борба за стабилна, слободна, независна и просперитетна држава.

Илинден е темелот на македонската државност, паметник на славното минато и светилник кон иднината. Илинден е нашата сила за европска иднина, да градиме заедничка држава за сите граѓани, држава интегрирана во Европската унија, како врвна стратешка цел“, гласи соопштението на владеачката партија.



Слично

Поврзани вести