Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ најавува долга изградба на мостот „Михајло Апостолски“

ВМРО-ДПМНЕ најавува долга изградба на мостот „Михајло Апостолски“

ВМРО-ДПМНЕ со денешното соопштение за јавноста најавува дека ќе биде потребно уште долго време за да се изгради мостот „Михајло Апостолски“ на булеварот АСНОМ за поврзување на Аеродром со Гази Баба - капитален проект кој го започна претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

-160 милиони евра долг се кон веќе склучени договори по јавни набавки, договори во тек на склучување и заеми кои Шилегов ги земал. Расипникот Шилегов аматерски и непрофесионално се однесувал со се. Дури и проектот за мостот во Аеродром со кој се фали е не испланиран. Мост АСНОМ од Аеродром кон Гази Баба, од 100тина има само 18 решени предмети за исплата на земјиште. 12 предмети се уште во постапка без согласност за цена, 25 предмети во подготовка, 11 предмети со повеќегодишни имотно правни спорови меѓу сопствениците, 44 имоти имаат постапки со барања за приватизација,16 имоти имаат утврдено корисничко право. Сите овие постапки ќе траат со години, а средствата на скопјани наместо да се наменат за конкретни проекти во инфраструктура, водовод, канализација, заштита на животна средина треба да бидат заробени затоа што Шилегов и СДСМ почнувале проекти без било каков конкретен план знаејќи дека не може да се реализира уште 10 години, објавија од опозициската партија.

За СДСМ пак изградбата е веќе прекината од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

„Мостот е особено значаен за граѓаните на Аеродром и Гази Баба, со олеснување на движењето се намалува сообраќајот а тоа директно влијае и на намалување на загадувањето.

За жал и на штета на скопјани, Данела Арсовска од само за неа познати причини решава да ја запре неговата изградба. Тоа е несериозно, неодговорно и пред се нечесно кон граѓаните на Скопје. Нема никакво оправдување за неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ“, реагираа вчера од владеачката партија.


Слично

Поврзани вести