Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ најавува целосна блокада на Законот за амнестија

ВМРО-ДПМНЕ најавува целосна блокада на Законот за амнестија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави блокада на Законот за амнестија, а премиерот Димитар Ковачевски не е изненаден.

ВМРО-ДПМНЕ најавува целосна блокада на Законот за амнестија. Лидерот на партијата вели дека со амандмани ќе спречат носење на закон со кој од затвор ќе излезат криминалци кои вакво ветување добиле од коалициските партнери, СДСМ, ДУИ и Алијанса.

„Тоа се преземени обврски кон криминалците кои што се на отслужување на затворска казна, дел од нив да добијат намалување делумна амнестија, дел да добијат целосна амнестија и потоа тие исти криминалци да се најдат на улиците и да прават проблеми на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека на тој начин ќе добијат, можам да ги разочарам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да се пресмета со криминалот од било каков облик, дали се тоа вакви криминалци кои што се занимаваат со изнуда, ограбувања, рекетирање, насилство итн. или политичките криминалци кои што денеска се дел од владата“, изјави Мицкоски.

Премиерот Ковачевски не е изненаден од ваквите најави  бидејќи вели дека опозицијата го блокира скоро секој закон.

Слично

Поврзани вести