Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ: На Заев му се брза да ја реализира тиранската платформа

ВМРО ДПМНЕ: На Заев му се брза да ја реализира тиранската платформа

Бидејќи Талат Џафери ја презеде претседателската фунцкија во Собранние и влезе во кабинетот каде соговорник му беше шефот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар, со реакција се јавија од ВМРО ДПМНЕ.

Партијата на екс премиерот Никола Груевски порача дека СДСМ и Зоран Заев мора да сносат политичка и правна одговорност за случувањата од четвртокот на 27 април.

СДСМ, како што се наведува во соопштението, “мора да поднесе политичка и правна одговорност за „државниот удар“, кој се случи во четвртокот вечерта кога претседателот на парламентот е избран на нелегален начин, со што е направен  опасен преседан, кој би можел да прерасне во пракса.

Очигледно е, забележуваат од ВМРО ДПМНЕ дека на Заев му се брза да ја реализира таканаречената Тиранска платформа која подразбира, помеѓу останатото „воведување двојазичност“ во Македонија.

„СДСМ трба да престане да му тера инает на сопствениот народ. СДСМ треба да се грижи за својот народ и да работи за него, а не обратно. Народот бара СДСМ да се откаже од платформата . Време е СДСМ да го чуе гласот на народот кој е на нозе. Македонија се буд ...“ порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести