Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: На Спасовски му избегал синот на командант Баци

ВМРО-ДПМНЕ: На Спасовски му избегал синот на командант Баци

Оливер Спасовски, според ВМРО-ДПМНЕ, е должен да одговори пред јавноста како му побегнал од пред очи синот на командант Баци, Наим Самиу од Шемшово,  осуден за 3 кривични дела и со мерка куќен притвор.

-Лицето Наим Самиу, се наоѓал во куќен притвор поради дрога кокаин, а имал и мерка поради семејно насилство, кога на 13-ти месецов, повторно е пријавен за семејно насилство. На 15-ти декември полицијата го спроведува до суд за трето кривично дело. Истиот ден се готви решение за активен притвор наместо куќен. Полицијата го враќа дома, а веќе следното утро, на 16-ти, полицијата не го наоѓа дома за да го спроведе во истражен затвор, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали некој му се јавил на Сами од МВР, каде што неговиот татко, командант Баци, според опозицијата, е близок со кадрите на СДСМ во оваа институција.

Слично

Поврзани вести