Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ на марш против притворот на осомничените за Крвавиот четврток

ВМРО-ДПМНЕ на марш против притворот на осомничените за Крвавиот четврток

ВМРО-ДПМНЕ и лидерот во оставка Никола Груевски го започнаа денешниот како што го нарекоа марш за правдината и татковината од пред Министерството за правда по што се упатија кон Владата на Република Македонија. 

Покрај Никола Груевски кој беше во првите редови, втор ден по ред протестите ги води и Христијан Мицковски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ за кого се шпекулира дека ќе биде нов лидер на опозицијата.

Протестниот марш е за поддршка за лицата кои се приведени во врска со настаните во Собранието од 27 април оваа година по барање на ЈОРМ. 

Учесниците носат транспаренти на кои е испишано „Слобода за Богдан“, “Доле за хунтата“, „Доле Влада, злото мора да се победи“, „Дурловски е уметник, а не терорист“. Протестниот марш се одвива под зајакнато полициски присуство, а пред Владата се поставени бина и озвучување и се очекуваат обраќања на учесниците. Веќе неколку дена во фокусот на јавноста е апсењето и правната разврска за настаните од 27 април

Слично

Поврзани вести