Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: На 11-ти декември народот ќе избере програма и проекти а не манипулации

ВМРО-ДПМНЕ: На 11-ти декември народот ќе избере програма и проекти а не манипулации

Откако опозицијата ја обвини владеачката гарнитура дека го минира датумот за избори, од партијата на ВМРО-ДМПНЕ со реакција.

Велат дека како наближува датумот за одржување на парламентарните избори и крајот на кризата, така е се поголем и поголем стравот и паниката во СДСМ.

Од партијата на екс премиерот велат дека  на 11-ти декември народот ќе избере програма и проекти, а не деструкција, криза и манипулации.

„Целата јавност беше сведок на измислените оправдувања на СДСМ за бегање од избори околу наводните 500.000 фантоми во избирачкиот список и нефункционалноста на АВМУ. Целата јавност беше сведок и дека токму ВМРО-ДПМНЕ инсистираше и инсистира на избори како единствен начин за излез од кризата во која СДСМ ја втурна Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму му порачаа на Заев дека СДСМ ќе мора да излезе на избори на 11-ти декември да се соочи со народот. 

Слично

Поврзани вести