Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Филипче: Ако Македонија е како Иран, дали Заев е ајатолахот?

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Филипче: Ако Македонија е како Иран, дали Заев е ајатолахот?

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој Македонија ја спореди со Иран и Венецуела.

„Ако Филипче вели Македонија е како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години, а во влада скоро 9 со техничката, ова значи дека Заев е Ајатолахот, а Филипче неговиот прв проповедник?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на опозицијата кажа дека Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер треба да знаат дека во нашата земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат.

Тој ги повтори критиките дека Владата на чело со ВМРО-ДПМНЕ ја турка земјата кон изолација, дека преку вицепремиер во извршната власт има контакти со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека целосно го партизира правосудството.

Слично

Поврзани вести