Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ „митингува“ пред ДИК - Се редат жестоки обвинувања за предавство

ВМРО-ДПМНЕ „митингува“ пред ДИК - Се редат жестоки обвинувања за предавство

Протестот пред ДИК на навидум спонтано собраните незадоволни граѓани се претвори во вистински митинг на ВМРО-ДПМНЕ на кој се редат говорници од високите партиски тела. Досега говореа Илија Димовски, Антонио Милошоски, Борис Змејковски, Коце Трајановски и други и нивните главни пораки се полни со омраза и гнев против СДСМ кои ги обвинуваат за предавство на македонскиот народ, потсетуваат на 90-тите години, од прифаќањето на референцата ФИРОМ, смената на знамето до Шарената револуција и малтретирањето на полицајците на протестите. 

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да внесе раздор, гнев, страв и параноја дека изборната победа ќе им биде украдена, а досега ниту еден приговор на БЕСА и СДСМ не беше прифатен. 

Дури и да има прифаќање на одреден приговор за изборни нерегуларности следува второстепена процедура во Управниот суд кој може да ја поништи одлуката. Шансите за прегласување засега се мали, членовите на ДИК имаат аргументи за одбивање на сите приговори, се врши жестока расправа по сите законски точки и одредби. 

Целиот политички театар негативно ќе се одрази на меѓумакедонските и меѓуетничките односи, се зголемува омразата, се шири отров меѓу народот како да е во прашање Армегедон, а не политичка иднина на една партија, без оглед која и да е таа. Конфликт, судири во институциите и недај боже граѓанска војна на никој не му одговара, од тоа враќање нема и цената која ќе се плати за нечии партиски хирови ќе биде преголема.


Слично

Поврзани вести