Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Министри се шетаат во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Министри се шетаат во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Зоран Заев додека го користи последниот ден од одморот му порача да се одмора подолго, алудирајќи на тоа тој да не се враќа во политиката.

„Заев треба да се одмори и тоа по можност на подолго време. Барем додека Македонија не застане на нозе. Заев треба да ги одмори граѓаните и Република Македонија од него. 500.000 граѓани кои живеат на прагот на сиромаштија, земјоделците кои го фрлија произведеното на буниште, изрекетираните бизнисмени, луѓето кои неможат да најдат лекови во аптеките и граѓаните кои се плашат за својата безбедност поради се поголемата стапка на криминалитет посакуваат одморот на Заев да му биде на неопределено време и истиот да не се врати на позицијата премиер“, велат од таму.

Од најголемата опозициска партија тврдат дека во моментов Заев се вози на својот луксузен мотор, а за тоа време „се повеќе млади ја напуштаат државата и трајно се иселуваат“

- Според податоците на германската амбасада истата годишно издава околу 20.000 работни визи. Слични бројки имаме и од другите развиени држави. Тоа се главно млади луѓе кои не гледаат перспектива во Македонија. Младите кои беа лажени од Заев, сега се најголема жртва на неговата неспосбност. Апатијата владее во целата економија. Граѓаните имаат се помалку пари, а Заев и министрите се шетаат и луксузираат во соседството, Дубаи и Западна Европа. Додека државата плаќа возила и обезбедување да го следат Заев во неговите лудории, земјоделците од Преспа ја фрлаат јаболката на буниште - се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму го повикаа премиерот што побргу да си замине од функцијата, бидејчи како што велат од таму, тоа ќе биде подобро за граѓаните.



Слично

Поврзани вести