ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски и Ахмети разговараа за гласањето доверба за Владата
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека информациите кои излегоа од ДУИ околу тоа што се разговарало на средбата на Али Ахмети и Христијан Мицкоски не се точни и оти лидерите разговарале само околу прашањето за гласање доверба на Владата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, средбата се одржала на барање на Ахмети и траела околу половина час.
„Тема на разговорот беше прашањето за гласање на доверба на Владата на СДСМ-ДУИ, за што до Собранието се поднесени 61 потпис“, изјавиле од партијата.
Слично
