Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Mакедонскиот народ секогаш знаел како да ги казни ситните трговци и лихвари

ВМРО-ДПМНЕ: Mакедонскиот народ секогаш знаел како да ги казни ситните трговци и лихвари

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека македонскиот народ секогаш низ историјата знаел како соодветно да ги казни ситните трговци и лихвари кои за грст пари ја газеле неговата волја и да ги фрли на буништето на својата национална историја. 

„Беа погребани европските вредности во Македонија. Во страв да се соочи со почитување на волјата на народот СДСМ очајно посегнаа кон силување на институциите, државата и граѓаните, сведувајќи го Собранието на обичен пазар во кој достоинството на Македонија, нејзиниот идентитет и дигнитет го ставија на тезга како пиперки и домати. Заев докажа пред целата јавност дека нема никаков демократски капацитет и за тоа ќе биде казнет од сопствениот народ“, стои во соопштението.

Од партијата сметаат дека тоа што се случи вчера вечер во Собранието на Република Македонија беше срам каков што светот не видел.

Слично

Поврзани вести