ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ доживува вистинско дипломатско фијаско
Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека Македонија не доби ниту безусловна покана за НАТО, ниту датум за почеток на преговори со Европската унија.
Бараат да се понесе одговорност затоа што според нив македонската дипломатија крахираше.
„Македонија со СДСМ доживува вистинско дипломатско фијаско“ – реагираа од партијата.
Условите за членство во НАТО, Република Македонија ги има исполнето уште во 2008 година. И сите последователни извештаи го потврдуваа тој напредок, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што сега го направи премиерот Зоран Заев, според нив ја донесе државата во ситуација да биде заложник на еден исклучително штетен договор кој во својата основа е капитулантско дело.
Слично
