Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не добива датум затоа што нема реформи

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не добива датум затоа што нема реформи

Република Македонија за жал не доби датум за почеток на преговори овој јуни, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека “се додека Зоран Заев е на власт земјата ќе трпи неуспеси”.

„Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери. Зоран Заев ја срами државата секаде каде што оди. Граѓаните и државата само трпат штети од неговите лаги и манипулации”, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев по денешната средба рече дека Меркел го информирала дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.

Слично

Поврзани вести