ВМРО-ДПМНЕ: Македонија денес не слави, Македонија е завиена во црно
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во ситуација кога Македонија и народот е разочаран од губењето на името само Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров слават. Според нив, Македонија денес не слави, Македонија е завиена во црно бидејќи продадоа, погазија и уништија сè.
„Залудни се фалбите, залудни се повторените ветувања за истите лаги. Залудно е криењето зад наводни реформи како изговор за бегството од избори“, ова се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. олнења го сменија Уставот со цел промена на уставното име.
„Лажеа, лажат и продолжуваат со лагата. Спротивно од националните и државните интереси, спротивно на волјата на граѓаните изразена и на референдумот во 1991 и на референдумот 2018 година, ја жртвуваа Македонија, нејзината посебност, историја, култура. Останува запишано дека 81 човек во Парламентот го променија името и идентитетот, а не народот, не граѓаните на оваа држава“ – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
