Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа Aрсовска

ВМРО-ДПМНЕ: Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа Aрсовска

Од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат на изјавата на скопската градоначалничка, Данела Арсовска која вечерва во Само интервју на Канал 5 рече дека добивала закани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека ќе ја влечкаат по улици и дека со неа ќе го бришат подот. 

Велат дека Арсовска она што го кажа во емисијата ќе треба да го докаже на суд. 

„Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа градоначалничката Арсовска. Сметаме дека постојат основани сомнежи, кои се манифестираат во континуитет неколку месеци наназад, за здравствената способност таа да ги извршува надлежностите што ѝ се доверени. Арсовска има должност, со оглед на тешките последици врз скопјани што се предизвикани од нејзината деструктивност и компулсивност, да ѝ достави на јавноста релевантен лекарски доказ од кој ќе се увиди дека таа е навистина психички здрава личност. Сепак, имајќи ја предвид тежината на обвинувањата што ги искажа во интервјуто, независно од истакнатото, приморани сме да побараме тоа да го докаже во редовна постапка пред македонските судови. Истовремено, веруваме дека до тогаш јавноста и на писмено ќе се увери во вистинската психолошка состојба на оваа личност“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска обвини дека има политички центри кои сакаат да наштетат. 

Слично

Поврзани вести