ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА: Кога ќе ги соопштат имињата на министрите и замениците министри?
ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада. Партијата ќе именува луѓе што треба да бидат министри и заменици министри. Ова вечерва го потврди потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски, по состанокот на Извршниот комитет.
Техничката влада треба да ја предводи земјава 100 дена пред избори. Имињата на министрите и заменик-министрите ќе ги кажат по празникот Водици, кој се одбележува на 19 јануари.
Од ВМРО-ДПМНЕ на седницата донеле одлука во Собранието пратениците да се воздржат од гласање на техничка влада, која како што рече Муцунски, под водството на Талат Џафери „нема никаков легитимитет истата е само коалициски договор меѓу СДСМ и ДУИ“.
Техничката влада треба да ја изберат на 28 јануари, а според договорот од лидерската средба на 4 декември 2023, првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, на 8 мај ќе има двојни избори – втор круг претседателски и парламентарни избори.
Во согласно сто Законот за таканаречена Пржинска влада, опозицијата треба да има двајца министри(за внатрешни работи и за труд и социјала) и тројца заменици министри (за финансии, за администрација и за земјоделство).
