Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ќе поведе иницијатива за пристапување на земјава во „Три мориња“

ВМРО-ДПМНЕ ќе поведе иницијатива за пристапување на земјава во „Три мориња“

Oд ВМРО-ДПМНЕ ќе поведат надворешно-политичка иницијатива за пристапување на Македонија кон иницијативата „Три мориња“. Влатко Ѓорчев вели дека се работи за иницијатива што покрива еден милион и двесте илјади километри квадратни и повеќе од 110 милиони жители. 

„Во изминатата недела делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата во Вашингтон, за време на средбите со претставниците на Стејт департментот на Белата куќа, како и на Тинк Тенк заедницата, вклучувајќи ги и средбите со конгресмените и сенаторите ја споменавме оваа идеја и оваа идеја за членство на Република Македонија во иницијативата на ‘Трите мориња’ апсолутно наидува на поддршка од Вашингтон“, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека клучните работи на коишто е сконцентрирана оваа иницијатива се инфраструктурните проекти, односно автопатишта, како и делот на енергетската безбедност и енергетските коридори. Ѓорчев рече дека иницијативата е проевропска, но и евро-атланска, којшто е поддржана силно од САД и претседателот Доналд Трамп.

Членки на оваа иницијатива се Литванија, Естонија и Латвија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Австрија, Словенија, Хрватска, Романија и Бугарија.

Слично

Поврзани вести