ВМРО-ДПМНЕ ќе побара оставка од Регулаторна и надзорна раправа во Собранието
Oд ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат надзорна расправа во Собранието за поскапувањето на струјата и оставка од Регулаторната комисија.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва од протестот порача дека поскапувањето на струјата ќе ги осиромаши граѓаните и дека Регулаторна не е како што вели, никакво експертско тело туку продолжена рака на премиерот Зоран Заев.
„Регулаторната комисија е обична маша во рацете на Заев“, кажа Јанушев.
Досега партијата организираше четири протести, од кои еден за одбрана на херојот Гоце Делчев.
Струјата поскапе за 7.5 отсто.
Слично
