Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ќе открива колку нови функционери се вработија во Влада

ВМРО-ДПМНЕ ќе открива колку нови функционери се вработија во Влада

ВМРО-ДПМНЕ ќе открива колку нови функционери се вработени во Владата преку ангажман како советници или членови на тимовите за комуникации и односи за јавност кои според партијата се само партиски војници на СДСМ, па затоа ќе го искористат правото со законот за пристап до информации од јавен карактер.

- Бараме да ни се достави оваа информација бидејќи јавноста секојдневно е бомбардирана со информации за вработувања на партиски војници, членови на таканаречената шарена револуција и лица кои што се во директни роднински релации со функционери од власта. Овие вработувања  се спроведуваат без  никакви огласи и без почитување на постапките, процедурите и критериумите.

На овој начин започна да се спроведува најголемиот и единствен проект на Зоран Заев и СДСМ за брутална партизација на сите државни институции.

СДСМ и Зоран Заев наместо професионални и квалитетни решенија, во државните институции вработуваат партиски кадри кои што одработуваа сценарио за оцрнување на предходната власт и уништуваа јавен имот, рече пратеникот Драган Данев на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие информациите ги чекаат во законскиот рок од 30 дена.


Слично

Поврзани вести