ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со докторот Јовановски на избори во Кичево?
ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да му даде повторно кандидатура на докторот Александар Јовановски за градоначалник на Кичево.
Според информациите на Телевизија 24, кандидатурата ќе биде објавена дури на крајот на месецов. Истовремен, и самиот премиер Христијан Мицкоски како претседател на владејачката партија потврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има свој кандидат за градоначалник.
Досега единствено коалицијата „Вреди“ потврди дека кандидат за градоначалник на овој град ќе биде министерот за социјална политика Фатмир Лимани.
ДУИ се мисли дали да продолжи со актуелниот градоначалник Фатмир Дехари, или пак да поддржи друг профил како што е поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.
Најголемата дилема е кај СДСМ каде внаѕтре во партијата се води борба на мислење дали да се поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ или пак да се оди со свој претставник.
Во Кичево традиционално борбата за градоначалник помеѓу македонскиот и албанскиот блок е најтесна. Јовановски пред четири години загуби со мала разлика, а актуелниот градоначалник Дехари победи благодарение на логистиката на ДУИ со испраѓање на иселеници за гласање.
