Според Србов ВМРО-ДПМНЕ ќе оделе во опозиција затоа што пратениците јаделе ќотек
Аналитичарот Никола Србов кој е редовен во медиумите кои ја поддржуваа власта на Груевски, сега смета дека тоа што пратениците јаделе ќотек во Собранието на Република Македонија му направило огромна штета на ВМРО-ДПМНЕ и сега странскиот фактор ќе ги испрати во опозиција по секоја цена.
- Сега сите надворешни фактори кои се сомневаат дека ВМРО е организатор на тепањето, што
не е точно, сметаат дека ако ВМРО состави влада сега после сето ова, или пак е дел од влада,
тоа ќе биде сфатено меѓу народот дека со тепање пратеници се доаѓа на власт. Затоа сега
сите однадвор заземаа заеднички став дека ВМРО мора да оди во опозиција со цел да се
испрати порака дека со тепање се губи а не се добива. Колку и некој да тепал од бес, револт,
и убедување дека тоа е заслужено или оправдано, за жал на ВМРО му направи непоправлива
штета и го испрати во опозиција. Од друга страна, тепањето на пратениците на СДСМ му ги
засили позициите во коалицијата. Албанците сега размислуваат вака: човекот крвавеше
заради нашите права. Смее ли сега некоја албанска партија да му сврти грб а истата да не
биде осудена од Албанците, пишува Србов на Фејсбук.
Тоа што Србов не го коментира е како дојде до насилствата во Собранието и кој го иницираше упадот на гневните демонстранти меѓу кои имаше голем број на маскирани лица со сомнителни движења, координација и план за напад на пратениците.
