ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објавува платите на функционерите?
ВМРО-ДПМНЕ најави дека в понедленик ќе објави нова афера наречена „Паразити“, во истиот циклус по „Броило“ и „Тајни имоти“.
„Народот едвај врзува крај со крај. Поголемиот број од пензиите не се ниту една третина од потрошувачката кошничка. Две минимални плати не се доволни за да се прехрани едно семејство, а функционерите на власта секој месец книжат шестцифрени приходи. Кој се богати додека народот страда? Кои се ’паразитите‘ на општеството?“, гласи најавата на најголемата опозициска партија.
Според соопштението, тие ќе објавуваат функционери кои имаат преголеми примања од кои не ја ни чувствуваат кризата, додека од друга страна, како што велат, платите на народот ги јаде инфлација.
Слично
