ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира гранични премини - каде ќе бидат вечерва?
Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира граничните премини во наредните четири дена.
Партијата денеска од 16 до 18 часот ќе го блокира граничниот премин Богородица, утре од 17 до 18 часот граничниот премин Ќафасан, во петок од 17 до 18 часот на граничниот премин Деве Баир и внедела, на 24 декември од 16 до 18 часот блокада ќе има на граничниот премин Богородица.
Членовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција пред Основниот суд во Куманово побараа да се ослободи нивниот член кој беше приведен вчера на протестот на Табановце затоа што удрил полицаец.
Тие рекоа дека го изразуваат својот револт поради полициска бруталност на вчерашниот протест. На прес-конференцијата присуствуваше и генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски.
