Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара надзорна расправа за пропаѓањето на Еуростандард и злоупотребата на европските фондови

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара надзорна расправа за пропаѓањето на Еуростандард и злоупотребата на европските фондови

Ќе бараме надзорна расправа за пропаѓањето на Еуростандард и злоупотребата на европските фондови, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5. 

Според него еден од легитмните начини да се протестира е улицата, вториот начин е парламентот.

-Таму во парламентот колку што може да видите, ВМРО-ДПМНЕ, а и другите опозициски партии едвај се борат за збор. Ќе имаме многу предлози, еве да најавам екслузивно за важата емисијата ќе имаме надзорна расправа не само за струјата, туку и за Еуростандард банка, потоа за злоупотреба на европските фондови, како случаите со берберницата, за тренинг на магариња, посочи Мицкоски.

За струјата вели дека  поскапувањето ќе биде и поголемо.

Слично

Поврзани вести