ВМРО-ДПМНЕ ќе бара декласифицирање на податоците за вакцинација
ВМРО-ДПМНЕ преку собраниската комисјја за здравство ќе побара информации од Министерството за здравство за тоа дали има вакцинирани политичари од државниот врв во Македонија.
Пратеникот Миле Лефков рече дека пратеничката група на опозициската партија ќе побара декласифицирање на овие информации, кои во моментов се доверливи.
„Не сопираат вестите во јавноста дека се вакцинирани високи функционери и владини претставници. Сомнежот е каде се вакцинирани, дали тука или во други држави.
Сомнежите дека вакцинацијата се злоупотребува поточно дека се вакцинирани и политичари од власта мора да се расчисти. Не може и не смее да нема вакцини за здравствените работници, а да има за политичарите од власта.
Во интерес на јавното здравје апелираме информациите за тоа кој се е вакциниран да се декласифицираат, кажете кој се е вакциниран. Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме посебно барање до собраниската комисија за здравство да побара информации од Министерството за здравство и точно да се знае кој до сега се вакцинирал против корона.
Не е време да се кријат податоци. Апелираме на декласифицирање на податоците и расчистување на сите сомнежи“, рече Лефков на прес-конференцијата.
