ВМРО-ДПМНЕ: Катица без докази, ја погази правната фела
Откако специјалното јавно обвинителство ја соопшти новата истрага поврзана со незаконското прислушување во земјава, со реакција за денешниот прес се јави владеачката партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да мислат дека СЈО е продолжена рака на СДСМ и Заев.
Од партијата на Никола Груевски посочуваат дека денешната прес конференција на СЈО била со единствена цел, „да ги покрие скандалозните изјави и ветувања на Зоран Заев дадени пред албанската дијаспора во Швајцарија“.
За специјалната обвинителка Јанева велат дека без без ниту еден доказ, ја погазила правната фела и влегла во политичка кампања.
Од соопштението на партијата на власт се заклучува дека тие не се задоволни од истрагата на СЈО.
Велат дека Јанева должи објаснување како Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и сите останати функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа лицата кои беа најприслушувани.
