ВМРО-ДПМНЕ: Каде се директорите на ФЗО?
Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, прашува зошто ниту еден директор не излегол досега со изјава во јавноста , половина месец откако е блокиран Фондот за здравство од хакерски напад.
„Сликата денес говори дека двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување не можат да се видат во јавност. Едниот наводно шета надвор од државата, а токму тој самиот во својата биографија има наведено дека има напредни вештини од ИТ технологијата. Освен овие двајца, ни трага ни глас нема ни од уште деветте секторски директори, како и од седуммината членови на управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.
Покрај толку директори и разни функционери во Фондот, ги нема нити директорите на јавните здравствени установи. Ниту еден функционер не се загрижи за вработените што не може да земат плата во законски предвидениот рок“, прашува Николов.
Уште пострашно е, според Николов, тоа што функционерите, како што вели, не покажуваат никаква загриженост и побара одговорност.
