Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Јовановиќ е жртвено јагне

ВМРО-ДПМНЕ: Јовановиќ е жртвено јагне


ВМРО-ДПМНЕ излезе со денешна реакција по вчерашната оставка на Бранимир Јовановиќ, советникот на министерот за финансии Драган Тевдовски и некогашен член на „Шарената револуција“ и „Левица“, со коментар дека тој е само жртвено јагне на лошите економски политики на Владата и дека неговото заминување означува „напуштање на бродот што тоне“.

„Повлекувањето на советникот на министерот за финансии, Драган Тевдовски не може и не смее да биде амнестија за Зоран Заев за економската катастрофа која и ја донесе на Македонија. Стратегијата за напуштање на бродот кој тоне не е, ниту смее да биде бегство од одговорноста за осиромашувањето на државата и граѓаните. Заев, Тевдовски и Анѓушев ја покачија акцизата, си го зголемија буџетот, го зголемија задолжувањето, а ги занемарија капиталните инвестиции и на Македонија и донесоа најмал економски раст во регионот и пошироко. За овој срам не може да биде виновен само советникот на Тевдовски. Економијата две години е во колапс. СДСМ потроши 7 милијарди евра буџет за две години, а ништо не е направено. Нема нови автопати, нема нови инвестиции, нема нови болници, школи и градинки“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека нивото на реализација на капитални инвестиции е катастрофално ниско, а висината на задолжувањето е енормно. Го повикуваат СДСМ да си замине од власта за да се спречи зголемувањето на сиромаштијата и напуштањето на земјата од страна на младите.

Слично

Поврзани вести