Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Јован Мицкоски во САД на трошок на неговото семејство

ВМРО-ДПМНЕ: Јован Мицкоски во САД на трошок на неговото семејство

На социјалните мрежи проструи фотографија од 18-годишниот Јован Мицкоски, како го придружува неговиот татко - премиерот Христијан Мицкоски во посетата на САД.

Ова е прво официјално патување на премиерот кој ја предводеше официјалната делагација со неколку министри и соработици. 

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на претходното соопштение на СДСМ дека тинејџерот патувал на семеен трошок, односно не биле одвоени пари за него на државна сметка.

„Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицкоски… Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив сè е транспарентно“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести