Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Jавниот линч е најдобар доказ дека предметот е политички монтиран

ВМРО-ДПМНЕ: Jавниот линч е најдобар доказ дека предметот е политички монтиран

Медиумските загари на аболицираниот Зоран Заев имаат зелено светло за линч на секој што не се согласува со неговата капитулантска и антимакедонска политика, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. 

Велат дека ваква злоупотреба на институциите и медиумите не е видена во ниту една европска држава.

„Ваквиот јавен линч е најдобар доказ дека предметот е политички монтиран со една единствена цел, а тоа е отстранување на Никола Груевски од јавниот живот и заплашување на сите кои би помислиле да се спротистават на криминалниот картел. Доколку Секторот за внатрешна контрола при МВР и Народниот правобранител не утврдат кој е режисерот на оваа медиумска хајка и кој ги повикал новинарите, односно им дал информации кога ќе биде упатен тим од потраги во неговиот дом, ќе значи потврда дека станува збор за нарачка токму од аболицираниот Заев“, додаваат од партијата. 

Според нив, ваквото „Кацарска судство” во спрега со полицијата и медиумите е најдобар доказ дека во Македонија се сведоци на политички прогон и за овој скандал ВМРО ДПМНЕ ќе ги информира своите меѓународни партнери. 

Слично

Поврзани вести