ВМРО-ДПМНЕ ја слави победата низ плоштадите
Голем број на симпатизери се слеваа од сите страни на Скопје кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а при тоа свиреаа со автомобилите и ечеа патриотски народни песни.

Се слави победа на предвремените парламентарни избори остварена со 51 пратеник и можност за формирање на идната влада бидејќи мандатарот ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така по полноќ се очекува Груевски да се обрати пред своето членство.

Прослави на ВМРО-ДПМНЕ има низ целата република, особено на градските плоштади, а во Струмица се бара и оставка од Зоран Заев.
Слично
