ВМРО-ДПМНЕ ја пријави апликацијата на СДСМ иако „било доцна“
ВМРО-ДПМНЕ ја пријавиле фамозната „телефонска апликација“ на СДСМ со која наводно владеачката партија собира виртуелни податоци за граѓаните, но тврдат дека е веќе доцна МВР и јавното обвинителство да интервенираат бидејќи таа била откриена пред три дена и „доказите до сега сигурно се уништени со неодземањето на серверите“.
Од обвинителството на денешната средба со претставници од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска им било потврдено дека случајот ќе се испита.
Премиерот Зоран Заев за ова искоментира дека се груби обвинувања на некој кој е свесен дека ќе изгуби на претседателските избори и дека нема ништо незаконско во апликацијата.
Слично
