Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за железничко цунами

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за железничко цунами

Од ВМРО-ДПМНЕ, упатија критики кон владејачката гарнитура, поради како што велат, состојбата во која се наоѓа железничкиот сообраќај во Македонија.

„Го видовте Зоран Заев и неговите ветувања. Вели во првите две години комплетно ќе го обновел и развиел железничкиот сообраќај, па ветува пруги, линии, возови, транспорт до секое село, исто како со 600-те км автопати, така поминува и ова ветување. Поминаа повеќе од две години владеење на Зоран Заев, а железничкиот сообраќај во државата за жал е во тотален колапс. Железничкиот превоз е небезбеден. Наместо ветените посигурен и побрз железнички транспорт, за жал зголемен е бројот на железнички несреќи. Вчера се случи една од досега најголемите железнички несреќи во нашата држава, во која за голема среќа немаше жртви, но се предизвика огромна материјална штета. Се поставува прашањето, што ако на местото на товарниот воз беше патнички воз полн со патници? Колкава ли ќе беше трагедијата? Но дали некој ќе ја преземеше одгворноста? Кој ќе ја преземе одговорноста за цунамито во железничкиот сектор во Република Македонија?“, прашува партискиот портпарол Наум Стоилковски. 

Причините за катастрофалната состојба на железниците во Македонија лежат исклучиво во  тоталната незаинтересираност на Владата за овој важен сектор за економијата, додава тој. 

„Нема никакви нови проекти, нема никакви инвестиции и вложувања во железничкиот сектор. Нема инвестиции за одржување и ремонт на пругите, ниту на возовите. Имаме министер за транспорт и врски за кој што гледаме дека предизвикот на овој сектор му е преголем залак. Секојдневно се намалува расположливоста на локомотивите и патничките возови, а со тоа се доведува во прашање и безбедноста на железничкиот сообраќај. За само 2 години преполовен е бројот на исправни возови и локомотиви“, вели Стоилковски. 

Тој додава дека во овој момент целиот патнички железнички сообраќај го вршат новите возови кои ги набави ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести