ВМРО-ДПМНЕ ја бара вистината за случувањата со името
ВМРО-ДПМНЕ бара најбрзо договарање на лидерска средба, ако е возможно уште утре, на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров во присуство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов информирале за деталите и насоките по кои се движат разговорите за името.
Како што соопшти денеска на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, поради ваквото барање партискиот лидер Христијан Мицкоски ја прекинува својата работна посета на Италија и ги прекинува средбите со македонската дијаспора.
„Мицкоски е веќе на пат за Македонија. Потребни се одлуки. Бараме итна лидерска средба која би се случила уште во текот на утрешниот ден“, истакна Јанушев.
Слично
