ВМРО-ДПМНЕ излегува на протест поради злоупотреба на европските пари
Oпозицијата закажа нов протест за утре.
ВМРО-ДПМНЕ најави нов протест кој ќе започне од Министерството за правда, а ќе заврши пред Секретаријатот за европски прашања. Тие утре ќе протестираат против злоупотребата на европски пари и доделувањето на браќа на пратеници, за магариња, фризерници, сирења и слично.
„Веќе три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. Се молчи за скандалот каде 270 000 евра беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се молчи и за скандалот каде се доделени 83.000 милиони евра за тренирање на хрватско магаре“, наведуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓаните утре од 18:30 часот на протест од Министерство за правда до Секретаријат за европски прaшања и да се стави стоп за злоупотреба на европските пари.
Досега партијата организираше повеќе протести против поскапувањето на струјата, криминалот, но и за одбрана на ликот на револуционерот Гоце Делчев.
