Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВМРО-ДПМНЕ ИЗЛАЖА ДЕКА МАКЕДОНЕЦ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ“: Талески вели дека излажале и за промената на Преспанскиот договор

„ВМРО-ДПМНЕ ИЗЛАЖА ДЕКА МАКЕДОНЕЦ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ“: Талески вели дека излажале и за промената на Преспанскиот договор

Пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „Анализа„ на телевизија 24 нагласи дека на повидок е изборна измама којашто ВМРО-ДПМНЕ ја направи спрема граѓаните.

„Суштината е како помина  денот на констутивната седница, една несериозна  непринципиелност  и на повидок една изборна измама која ја прави ВМРО-ДПМНЕ према граѓаните. Со оглед на тоа дека тие им кажуваа на граѓаните дека носителите на високите позиции, меѓу кои и претседателот на Собранието ќе бидат од македонска националност. Ги излажа дека ќе го променат Преспанскиот договор, па сега вечерва пред целиот македонски аудиториум од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да биде кажано дека не само дека тоа е нова реалност, туку дека Република Северна Македонија ќе им биде во целокупнато институционално претставување на функционерите. Тоа е лицемерието. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одеше и викаше „Никогаш Северна“, а сега се случува токму спротивното, нагласи Талески, додавајќи дека ДПМНЕ го промени ставот со кој излезе пред граѓаните, тоа е лицемерието, тоа е изборната лага на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со положувањето заклетва од страна на Гаши, Талевски истакна дека не смее да се дозволи Уставот да се прекршува.

-Реагиравме од СДСМ и нашата потпретседателка излезе со конкретна претставка со тоа дека беше прекршен Уставот на државата, затоа што официјален јазик во Република Северна Македонија е македонскиот јазик. Значи заклетвата на сите избрани функционери, без разлика кој од која политичка партија доаѓа, и дали е од една или друга националност, има обврска заклетвата да ја прочита на македонски јазик. Тоа вчера не се случи, посочи пратеникот од СДСМ, Миле Талески.

ТВ21

Слично

Поврзани вести