Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ избра нов претседател на Унијата на млади сили и двајца советници на Христијан Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ избра нов претседател на Унијата на млади сили и двајца советници на Христијан Мицкоски


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го избра Јован Јаулески за претседател на Унијата на млади сили и тој доаѓа на местото на Лука Кржачпвски кој си поднесе оставка есеноска, додека советници на лидерот Христијан Мицкоски за меѓународна политика и меѓусоседска политика ќе му бидат Стефан Андоновски и Тони Димитриевски.
Генералниот секретар Игор Јанушев ќе го води изборниот штаб за престојните претседателски избори а извршен е и избор на претседатели и членови на Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција и Комисијата за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги.

„ИК заклучи дека Македонија не смее да продолжи да губи и тоне поради неспособноста на власта, која ги распродава националните интереси на сметка на ситни партиски поени. Кратењето на пензиите, ударот врз пазарџиите, поскапувањето на здравствените услуги, хаосот со епидемијата на морбили, од една страна и зголемувањето на платите на вицепремиерите и вработувањето на блиски роднини во државните компании се најдобар доказ за аздисаноста на власта и нивниот единствен интерес за лично богатење“, се вели во соопштението на најголемата опозициска партија.


Слично

Поврзани вести