Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Иронијата на Шилегов и СДСМ ги руши сите рекорди

ВМРО-ДПМНЕ: Иронијата на Шилегов и СДСМ ги руши сите рекорди

Од опозициската партија велат дека е иронија што Шилегов вооптшо размислува да ги дислоцира или руши галиите, додека Универзална сала уште не работи, бидејќи не е започната реконструкцијата.

„Шилегов изјави дека оваа година воопшто нема да се почне реконструкцијата на Универзалната сала, не биле предвидени средства за 2018 година поради недостиг на финансиски средства. Пред само неколку дена истиот Шилегов изјави дека рушењето на галиите и други објекти од речното корито ќе го чини градот Скопје, ни помалку ни повеќе 8 милиони евра. Притоа, за изградба на галиите не е инвестирано од градот Скопје ниту едно евро, се работи за приватни инвеститори“, изјави денеска Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ, советник во Советот на Град Скопје.

„Со ова непромислено трошење на 8 милиони евра за рушење на веќе изградено, а немање средства за реконструирање на симболот на градот, Универзалната сала, Шилегов и СДСМ само потврдуваат дека работат за исполнување на своите лични хирови и задоволување на сопствениот гнев кон една успешна власт, а не работат за граѓаните и нивните потреби. Затоа му порачуваме на Шилегов, парите за рушење на галиите да ги пренамени за реконструкција на Универзалната сала“,вели Попова.

Таа воедно потсети дека средствата за почнување етапна реконструкција биле обезбедени и претходно со буџетот во 2017 година, но СДСМ со ребалансот ги укинал.

Слично

Поврзани вести