Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Именувањето на партискиот поет Лешоски на Управен на СВП e навреда за докажаните поети

ВМРО-ДПМНЕ: Именувањето на партискиот поет Лешоски на Управен на СВП e навреда за докажаните поети

Именувањето на партискиот поет на СДС, Дарко Лешоски  за претседател на Управен Одбор на Струшки вечери на поезија е навреда за овој светски реномиран поетски настан, но и за докажаните поети во Македонија, изјави денеска пред Мнистерството за култура,  Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС и министерот за некултура Алаѓозовски продолжуваат со деградирањето на културата во Македонија, додава тој. 

„Струшките вечери на поезијата е најголемата светска поетска манифестација и сега Заев ја множи со нула именувајќи го Дарко Лешоски за нејзин прв човек. Впрочем, споредете го Дарко Лешоски со имиња како Ацо Шопов, па Матеја Матевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Јован Котески, Петре Бакевски, Симон Дракул и плејада други реномирани автори кои биле на оваа позиција и ќе ви стане јасно каков е односот на новата власт кон културата, културните дејци и културните манифестации во Македонија. Очигледно Фејсбук поезијата и статусите на Лешоски му се допаднале на Заев па проценил дека тоа е доволно некој да води една светски призната манифестација која во Македонија се одржува од 1966 година“- вели Атанасов.

Според него, именувањето на ваков лик е само одраз на квази културната политика на власта. 

Слично

Поврзани вести